
Овозможувачи и поттикнувачи на странско мешање и манипулирање со информации за време на изборите во Северна Македонија
Сакаме да изразиме искрена благодарност до тимот на Фондацијата „Метаморфозис“ за нивниот корисен придонес во изготвувањето на овој извештај. Посебна благодарност до авторите Матеј Тројачанец, новинар и истражувач; Деспина Ковачевска, специјалист за мониторинг на медиуми; и Горан Ризаов, новинар и раководител на програмата за информациски и медиумски интегритет.
Благодарни сме исто така и на проектниот тим на International IDEA: Кушбу Агравал, Себастијан Бекер, Алберто Фернандез Гибаја, Јукихико Хамада и Блерта Хоџа за нивното лидерство и водство во текот на целиот истражувачки процес. Голема благодарност и до Катаржина Гардапхадзе за нејзината детална рецензија и критичкиот осврт на нацрт текстот; Лиза Хагман која го надгледуваше изготвувањето на извештајот; и до Ендрју Робертсон, Јенефрида Исберг и Јонида Шеху за нивната поддршка во делот на уредувањето и административните задачи.
Посебна благодарност им искажуваме и на учесниците на состанокот за валидација што се одржа во Скопје во месец јуни 2025 година, чија ангажираност, локално знаење и конструктивниот придонес кои беа дадени помогнаа констатациите наведени во овој извештај да се засноваат на реалноста која се однесува на информациското опкружување во Северна Македонија.
Овој извештај е подготвен со поддршка на „Global Affairs Canada“.
Северна Македонија е интересна студија на случај преку која можеме подобро да разбереме како ранливоста која постои во повеќе аспекти во демократските, медиумските и општествените системи на една земја може да бидат искористени преку манипулирање со информации и мешање од странство (ФИМИ актери), а кои може да бидат домашни и странски. И покрај својата формална посветеност на демократските реформи и на редовните избори, институциите на државата и понатаму се кревки и честопати се предмет на политички притисок. Нејасното финансирање и недоследното спроведување на регулативата се нешта кои се влошуваат поради длабоката политичка поларизација и постоењето на недоверба, етничките поделби и фрагментираниот јавен дискурс. Последниве предизвици се манифестираат (и се засилуваат) со исклучувачки наративи, и тоа честопати со вклучување на домашни субјекти кои делуваат во интерес на ФИМИ.
Политичките институции во земјата, иако формално се засновани на поделба на власта и на редовни изборни циклуси, сепак и понатаму се ранливи на системска корупција, на партиско медиумско покривање и на неефективно спроведување на правилата за финансирање на кампањите. Договорите за етничко споделување на власта, иако имаат стабилизирачка улога, го институционализираа клиентелизмот и ја ослабнаа одговорноста. Сите овие ранливи точки стануваат уште посложени со актуелните предизвици како што се политизираното судство и владините кризи кои постојано се повторуваат. Вреди да се напомене дека Северна Македонија презеде позитивни чекори во изборната реформа, во мобилизирањето на граѓанското општество и во однос на политичките обврски кои се усогласени со ЕУ. Меѓутоа, иако процесот на интеграција во ЕУ и динамичното граѓанско општество овозможуваат одредена заштита и понатаму има странски актери кои ги искористуваат етничките тензии и скептицизмот кон евроатлантската интеграција преку спроведување на координирани кампањи за ширење дезинформации.
Регулирањето на системот за политичко финансирање во Северна Македонија, кој е уреден со законите за финансирање на партиите и изборно однесување, содржи значителни недостатоци, како во смисла на делокруг на она што го опфаќа, така и во смисла на имплементација. Поради тоа, системот е отворен за злоупотреба а мешање, и тоа е така особено во контекст на онлајн кампањите и користењето на инфлуенсери во политичките комуникации. Недостатокот на строги барања да се обелодени финансирањето на дигиталните кампањи го отежнува следењето на финансиските текови или откривањето на дејствија кои значат влијание кое е спонзорирани од странство.
Кампањите спроведувани од ФИМИ ги користат социјалните, политичките и културните поделби во Северна Македонија како оружје, при што родовите и малцинските права сè повеќе претставуваат цел на дезинформациите. Наративите кои имаат непријателски тон кон човековите права и кои честопати се координирани од верските институции и се засилени преку медиумите кои имаат врски со странство се стремат да го еродираат демократското учество, да ги делегитимираат јавните институции и да го поларизираат општеството. Јавниот дискурс е веќе значително поларизиран, при што дебатите во врска со националниот идентитет, етничките односи и интеграцијата во ЕУ се рутински врамени во терминологија која е исклучувачка и антагонистичка.
Екосистемот на медиумите кои објавуваат вести, иако делува плуралистички кон надвор, сепак е фундаментално неурамнотежен. Сопственоста е високо концентрирана, новинарските стандарди се ниски, а голем број медиуми се економски зависни од политичките актери. Доминацијата на неколку медиумски наративи, во комбинација со слабото спроведување на регулативите и ограничените новинарски ресурси, доведе до голема раширеност на „копи-пејст новинарство“. Сензационализмот и ангажманот најчесто го победуваат интегритетот на вестите и на тој начин создаваат плодна почва за брзо ширење на дезинформации. Како резултат на тоа, се намали довербата на јавноста како и довербата во главните извори на вести, при што голем број граѓани се потпираат на лични контакти или нетрадиционални извори на информации.
Наративите кои се усогласени со странските интереси (особено оние поврзани со кинеските, руските и српските интереси) се сеприсутни и ги таргетираат јазичните, културните и политичките линии на разделување. Овие координирани кампањи честопати се во интеракција со локалните економски стимулирачки фактори, бидејќи нерегулираните фарми за содржини и таканаречените „фантомски медиуми“ ги монетизираат поларизирачките содржини. Со брзото прилагодување на регулаторните и технолошки промени, ФИМИ индустријата во С. Македонија ја одигра својата улога во ширењето дезинформации на глобално ниво и тоа особено за време на изборите кои беа организирани во Соединетите Американски Држави во 2016 година.
Без постоење на ефикасно модерирање, дигиталните и платформите на социјалните мрежи станаа главни вектори за ширење на дезинформации кои внесуваат раздор. Високите стапки на пенетрација на интернет, кои не се случуваат паралелно со зголемувањето на дигиталната писменост, овозможуваат големи сегменти од населението да бидат подложни на манипулации. Регулаторната и законска рамка и понатаму е фрагментирана и неразвиена, при што надзорот не е ефикасен, а примената на меѓународни норми не е сосема јасна. Најмалку пет парламентарни комисии имаат мандат да се занимаваат со прашањата поврзани со ФИМИ, но досега ангажман имаше само од Комисијата за одбрана и безбедност.
Организациите на граѓанското општество имаат клучна улога во борбата против ФИМИ и тие успеаја да постигнат одреден напредок во подигањето на свеста и во застапувањето за транспарентност, медиумската писменост и институционалните реформи. Меѓутоа, во состојба на отсуство на координиран одговор на национално ниво и на одржлива политичка волја, напорите кои ги прават овие организации и понатаму се недоволни и фрагментарни. Со оглед на тоа дека Северна Македонија се стреми кон евроатлантска интеграција, влогот е голем: способноста на земјата да изгради отпорност против манипулацијата со информации не само што ќе ја обликува нејзината демократска иднина, туку ќе послужи и како суштински важен пример за поширокиот регион.
Рамка 0.1. Контекст
Северна Македонија е мала, мултиетничка земја на Балканот која ја стекна својата независност во 1991 година (тогаш се викаше Поранешна Југословенска Република Македонија). Според пописот од 2021 година, населението брои околу 1,84 милиони жители. На последните парламентарни и претседателски избори во 2024 година, кои беа организирани во исто време, имаше 1.815.350 регистрирани гласачи (извор: Меѓународна фондација за изборни системи 2024). Официјален јазик е македонскиот, а албанскиот е во широка употреба и официјално е признат во повеќе општини; други малцински јазици кои исто така се признати се ромскиот, српскиот и турскиот. Северна Македонија има повеќепартиски политички систем, со поголем број на политички партии кои се претставени во еднодомниот парламент (Собрание) кое брои 120 пратенички места. За парламентарните избори се користи пропорционален систем со затворени партиски листи и се одржуваат на секои четири години - следните општи избори ќе бидат во 2028 година, а следните локални избори треба да се одржат во октомври 2025 година.
Може слободно да се каже дека во текот на изминатава деценија, Северна Македонија покажа на кој начин ранливоста на домашен терен може да се искористи за манипулација и мешање преку информации од странство (ФИМИ). Откако стана независна држава во 1991 година и кога се одвои од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, државата се соочи со повеќекратни предизвици во смисла на политичка поларизација, етнички поделби и доверба во јавните институции. Сето ова создаде плодна почва за влијанија насочени кон демократските процеси и социјалната кохезија во земјата.
Овој извештај го разгледува информациското опкружување во Северна Македонија пред да бидат организирани локалните избори предвидени за месец октомври 2025 година, со акцент на ФИМИ. Врз основа на неодамнешниот историјат на дезинформации и институционална фрагилност на државата, анализата истражува како дигиталните платформи, слабата медиумска регулатива и партиската динамика создаваат ранливост во самата демократија.
Извештајот, поконкретно, се концентрира на механизмите преку кои се шират дезинформациите, на тоа кои се структурните и политички овозможувачи и поттикнувачи на ваквата динамика и на нивните последици врз демократската отпорност. Притоа, се прави проценка и на улогата на граѓанското општество, регулаторните институции и политичките актери во овозможувањето или ублажувањето на влијанието кое доаѓа од ФИМИ. Посебно внимание се посветува на етничките тензии, дигиталните кампањи и економските стимулации што го обликуваат медиумскиот пејзаж.
Искуствата на Северна Македонија со ФИМИ не се случуваат во изолиран вакуум. Како мала и мултиетничка држава која се движи кон евроатлантска интеграција, борбата со дезинформациите се одраз на пошироките регионални и глобални трендови. Од клучно значење е да се разберат овие динамики и да се идентификуваат потенцијални начини за ублажување на малигните ефекти, не само поради претстојните избори, туку и за информирање на долгорочните стратегии за борба против ФИМИ во кревки демократии.
Методологија
Овој извештај се темели на „Анализа на овозможувачите и факторите за манипулација и мешање во вид на информации од странство поврзани со избори: Глобална методологија“, која е развиена од International IDEA (Guilio Sicurella и Morača, 2025) а која е прилагодена на специфичниот политички, општествен и медиумски пејзаж на Северна Македонија.
Структурата на извештајот следи тематски пристап. Најпрвин ги истражува овозможувачите на ФИМИ кои најопшто се дефинираат како социјални, политички, институционални и технолошки услови што му овозможуваат на ФИМИ да се вкорени и да се шири. Тие вклучуваат ранливост на самиот систем како што се слаби демократски институции, поделен политички дискурс, медиумска партизација и празнини во регулаторната рамка.
Следно, извештајот ги испитува нештата кои ги поттикнуваат ФИМИ, а кои се причина зошто ФИМИ актерите сметаат дека е исплатливо или стратешки корисно да се мешаат во информативни средини во однос на изборите. Тие варираат од финансиски и политички придобивки во економијата на внимание, па сè до пристап до ресурси од странство и мрежи на влијание.
На крајот, извештајот содржи дел кој е насочен кон иднината и кој има конкретни препораки за делување. Наменети се за разни засегнати страни што ги вклучуваат граѓанското општество, медиумските актери, регулаторните тела и меѓународните партнери. Целта е да се поддржи развојот на флексибилни и контекстуално-сензитивни одговори на заканите од ФИМИ.
Извештајот е изработен со користење на комбинација од примарни и секундарни извори, што вклучуваат оригинални истражувања и анализи на Фондацијата „Метаморфозис“, извештаи и податоци од разни новински организации и секундарни извори од Европската комисија и други релевантни институции. Анализата беше спроведена во периодот април-мај 2025 година и ја разгледуваше состојбата со ФИМИ во однос на изборите во С. Македонија во изминативе пет години.
1.1. Ранливост на институциите
Северна Македонија е парламентарна демократија со повеќепартиски систем кој формално се заснова на поделба на власта и на редовни изборни циклуси. Нејзините демократски институции и понатаму се помалку отпорни и на нив влијаат трајната политичка поларизација, етничките поделби и системската корупција.
Според неодамнешниот извештај за земјата изготвен од Европската комисија, кој констатира дека изборите се генерално добро организирани, посочува дека постои сериозна загриженост што вклучува „веродостојни обвинувања за политички притисок, недостатоци во транспарентноста на финансирањето на кампањите и злоупотреба на јавните ресурси“. На тој начин се поткопува довербата во демократскиот процес (Европска комисија, 2024).
Во институционална смисла, земјата презеде важни чекори за да го заштити интегритетот на изборите. Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се клучните надзорни тела. Последниот извештај на мисијата на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ/ОДИХР) објавен на 1 август 2025 година наведува дека Изборниот законик често бил предмет на измени, што најчесто се правело во период близу до изборите, а последната голема измена била направена во април 2024 година. Потоа немало понатамошни реформи и покрај обидите за инклузивност кои биле направени претходно. Во јуни 2025 година, владејачката партија Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) предложи измени откако Уставниот суд ги укина одредбите за праг т.е. број на потписи за независните кандидати. Предлог измените опфаќаа и прашања како што се буџетирање и финансиска автономија на општинските изборни комисии и истите се очекуваше да бидат усвоени пред изборите. Меѓутоа, предложените измени не поминаа на гласање во Собранието, а како резултат на тоа, ДИК одлучи да им дозволи на независните кандидати да учествуваат на локалните избори само со два потписа.
Во извештајот на ОБСЕ се забележува дека иако законската рамка е генерално доволна за организирање на демократски избори, нејзините празнини и двосмисленост влијаат на јасноста на процесот. Клучните препораки на ОДИХР и понатаму не се спроведени, особено во врска со спречувањето на злоупотреба на државни ресурси и притисок врз гласачите, обезбедувањето на поголема транспарентност во финансирањето на кампањите и зајакнувањето на регулацијата и надзорот на медиумите. Овие недостатоци ја еродираат довербата во системот и оставаат простор за домашни и за странски актери да го искористат разочарувањето во јавноста.
Поделбата на власта по етничка основа помеѓу македонскиот и албанскиот политички блок додава уште еден слој на сложеност. Иако ваквата поставеност помогна во одржувањето на стабилноста, таа исто така го институционализираше клиентелизмот и ја ослабна отчетноста. Индексите за глобална состојба на демократијата на International IDEA ја карактеризираат Северна Македонија како демократија од среден ранг, која се карактеризира со напредок и со назадување во последниве години. Некои од проблемите кои постојано се присутни се родово базирано насилство и дискриминација против LGBTQI+ лицата; корупцијата, слабиот пристап до правда и неуспехот во воспоставувањето на функционален систем - пример за тоа е трагедијата во пожарот кој се случи во ноќниот клуб во Кочани во март 2025 година, кога загинаа 62 лица (International IDEA n.d.).
Овие тековни предизвици делумно се компензираат од одредени ублажувачки фактори како што се процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, динамичното граѓанско општество и меѓународната поддршка за демократски реформи. Скандалот со прислушувањето од 2014 до 2016 година (Berendt, 2015) и Договорот од Пржино, посредуван од ЕУ, што резултираше со тоа1 покажаа колку длабоко се ранливи институциите, но исто така и потенцијалот за реформи кога притисоците ќе се усогласат.
Заканите од ФИМИ дополнително ги усложнуваат структурните проблеми. Актери како што се Русија и други ги искористуваат етничките тензии и домашниот скептицизам кон евроатлантската интеграција, честопати спроведувајќи координирани кампањи за дезинформации. Овие операции обично користат локални посредници и дигитални платформи за ширење на наративи на раздор што ја доведуваат во прашање легитимноста на демократските институции (Симоновска, 2024).
Ниското ниво на дигитална писменост, недоволно регулираното онлајн политичко рекламирање и фрагментираното регулаторно опкружување имаат негативно влијание на тоа колку Северна Македонија е подложна на тие влијанија. Дополнителни фактори на ризик вклучуваат празнини во законската рамка која го уредува гласањето во дијаспората, слабиот надзор врз трети страни кои спроведуваат кампањи и нееднакво спроведување на правилата за онлајн содржини - сето тоа претставува плодна почва за идна манипулација.
1.2. Несоодветна регулатива за политичкото финансирање
Системот за политичко финансирање во Северна Македонија е регулиран со Законот за финансирање на политички партии (Република Македонија, 2012) и Изборниот законик (Република Македонија, 2024). Овие закони дефинираат кои се дозволените извори за финансирање на кампањите, ограничувањата на трошоците и обврските за обелоденување. Меѓутоа, рамката има значителни недостатоци како во смисла на нејзиниот делокруг така и во спроведувањето, особено во контекст на водење дигитална кампања.
Извештајот на Европската комисија за земјата од 2024 година нагласува дека иако постојат законски одредби, тие не се спроведуваат доследно, што ја поткопува транспарентноста и одговорноста кај политичкото финансирање. На законодавството му недостасува јасност во врска со трошењето на средства за онлајн кампањи, политичките реклами базирани на податоци и користењето на инфлуенсери во политичката комуникација (Европска комисија 2024).
Како што политичките кампањи сè повеќе се префрлаат на дигитални платформи, овие регулаторни „слепи точки“ стануваат сè попроблематични. Во моментов нема јасни правила за тоа како партиите треба да ги пријавуваат трошоците направени за онлајн рекламирање или за промовирање на социјалните мрежи. Ова доведе до појава на онлајн медиуми кои имаат политички врски и кои работат со минимален надзор. Фондацијата „Метаморфозис“ констатираше сериозни пропусти во транспарентноста и надзорот на политичкото рекламирање на интернет за време на изборните периоди (Фондација „Метаморфозис“ 2025a; 2025b).
Недостатоците во рамката за политичко финансирање не само што ја нарушуваат домашната транспарентност, туку оставаат простор за тоа системот да биде отворен за вмешување на странски фактори. Непостоењето на строги барања во однос на обелоденување на финансирање на дигитални кампањи го отежнува следењето на финансиските текови или откривањето на операции кои имаат за цел да вршат влијание и кои се спонзорирани од странство. Според анкетата на Меѓународниот републикански институт, јавноста сè повеќе искажува загриженост за злоупотреба на финансирањето на политичките партии и за странското влијание во политиката на државата (Меѓународен републикански институт 2022).
Иако Акцискиот план на Партнерството за отворена влада за 2024-2026 година вклучува обврски за подобрување на транспарентноста, како што се дигитализацијата на известувањето за политичкото финансирање и новите алатки за консултација со јавноста (Партнерство за отворена влада, 2024), практичната имплементација на овие обврски е во рана фаза. На Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во моментов им недостасуваат дигитална инфраструктура и обучен персонал кои се потребни за ефективно следење на тоа како еволуира пејзажот за финансирање на кампањите. Итно е потребно воведување на сеопфатна реформа со која надзорот на политичкото финансирање ќе се усогласи со реалноста на дигиталното водење кампањи. Ова вклучува развивање јасни законски стандарди за онлајн трошење на средства, зајакнување на надзорните тела и подобрување на јавниот пристап до финансиските евиденции.
Во Северна Македонија, родот сè повеќе се користи како оружје во кампањите на ФИМИ. Во последниве неколку години, дезинформациите насочени кон жените, родовата еднаквост и кон правата на LGBTQIA+ лицата ескалираа и по зачестеност и по софистицираност, особено кога има политички или социјални реформи. Радикалните наративи што првично се појавија на маргините сега се интегрирани во поширок геополитички, религиозен и идеолошки конфликт. Тие се засилени од домашни актери и од медиумските екосистеми кои имаат поврзаност со странство.
Клучен момент во овој тренд беше координираното спротивставување на предлог-Законот за родова еднаквост и Законот за граѓанска регистрација во 2023 година. Иако сè уште се во фаза на јавна консултација, законите предизвикаа масовна мобилизација од страна на верските заедници кои, меѓу другите, се поврзани со Македонската православна црква. Под популистичкиот слоган „Имаме должност да ги заштитиме нашите деца“, кампањата го претстави законското признавање на родовиот идентитет како директна закана за семејните вредности и безбедноста на децата (360stepeni.mk 2023b). Овој јазик е одраз на антиродовите движења што се забележуваат низ цела Европа, каде што родовите права се прикажуваат како дел од странска агенда која е морално корумпирана.
Овие наративи не се појавија спонтано или изолирано од други спорни прашања. Сеопфатниот преглед на повеќе од 80 случаи на дезинформации кои имаат поврзаност со родот (Ковачевска и Janjić, 2025), а кој е документиран од Мрежата за известување за разновидност (Reporting Diversity Network) со користење на единствената платформа за проверка на факти во Северна Македонија, Truthmeter, открива постојано присутни и загрижувачки тенденции. Помеѓу 2021 и 2024 година, дезинформациите еволуираа од ширење страв во врска со здравјето за време на пандемијата со Ковид-19 (особено таргетирано кон бремените жени) до кампањи против учеството на жените во политиката (Јовановска и Миленковска, 2024). Во 2023 и 2024 година, обемот на родови дезинформации се удвои (Ковачевска и Јаниќ, 2025), со значително зголемување на наративите насочени против жените – лидери, кои ги прикажуваат жените во погрешно светло и ја поврзуваат родовата еднаквост со странско влијание или со „декаденцијата на западот“.
Основна тактика на родовите ФИМИ во Северна Македонија е намерната координација на нападите кон родовата припадност и нивно интегрирање со политички и геополитички пораки. Политичарките, особено оние кои се на иста линија со евроатлантската интеграција, честопати се цел на нападите и се прикажуваат како „западни марионети“ на кои им недостасува самостојност. На пример, поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска е прикажана како корумпирана и како некоја која слепо ги следи западните агенди. Во некои од тие наративи таа е обвинета и за загрозување на националниот суверенитет со „испраќање на македонски војници да гинат „за странски интереси““ (види Вистиномер, 2022).
Понатаму, ФИМИ насочени кон родовите користат визуелна манипулација и таргетирање базирано на идентитет. Се менуваат фотографии на жени или истите се вадат од контекст за да се предизвика морална паника или исмејување. Тактика која често се користи е лажно етикетирање на жените како трансродови за да се предизвика бес, како што може да се забележи со примерите од јавните личности Камала Харис или Мишел Обама (наративи кои исто така се често присутни во пропагандните медиуми поддржани од Русија). Јазикот кој се користи во овие кампањи е исто така специфичен. Честопати се користат термини како што се „родова идеологија“, „сатанист“ и „нацист“ за опишување на жените лидерки, активистки и поддржувачи на LGBTQIA+ (на пример, види Преземи Одговорност, 2023). Овие реторички стратегии служат за демонизирање на родовата еднаквост и нејзино прикажување како неприродна, антинационална и туѓа. Мажите кои ги поддржуваат родовите права се делегитимираат на сличен начин и се прикажуваат како ментално болни или женствени лица, со што се зајакнува токсичната машкост и се ограничува просторот за придобување на сојузници кај машкиот пол.
Важно е да се напомене дека овие тактики на ФИМИ не се однесуваат само на ширење лаги; тие се однесуваат и на преобликување на јавните вредности и на политичката култура. Преку систематско напаѓање на родовата еднаквост, тие се стремат да го поткопаат демократското учество, да ги делегитимираат јавните институции и да го поларизираат општеството. Жените се обесхрабруваат да учествуваат во јавниот живот, невладините организации кои работат на родовата еднаквост се оцрнуваат, а се поткопува и јавната доверба во реформските или проевропските политички активности.
Во овој контекст, родовите дезинформации не се споредно прашање, туку тие се централен столб на пошироките ФИМИ стратегии. Тие се испреплетуваат со авторитарната идеологија, странското влијание, верскиот конзервативизам и антидемократските чувства. Справувањето со ФИМИ во Северна Македонија (како и во целиот регион) бара нијансирано разбирање за тоа како поимот на род е содржан во информациската војна. Без да се има ваква перспектива, напорите за борба против дезинформациите нема да успеат да се справат со една од нивните најподмолни и социјално штетни димензии.
2.1. Јавен дискурс: Поделби и поларизација
Јавниот дискурс во Северна Македонија е високо поларизиран низ неколку димензии, а тоа е ситуација која е вкоренета во сложениот историски контекст на земјата, вклучувајќи го меѓуетничкиот конфликт (Marusic, 2021) и актуелната борба во врска со националниот идентитет (Benazzo, Carlone и Napolitano, 2019). Овие поделби се дополнително засилени од политичката структура, која честопати е организирана по етнички линии, како и од партиските усогласувања и поврзаните тактики на водење кампања. Најистакнати фактори на поделба се етничката и политичката припадност, кои честопати се ко-конструктивни и меѓусебно се зајакнуваат. Како резултат на тоа, тешко е да се воспостави конструктивен дијалог и да се изгради консензус. Оваа поларизација на политичката дебата влијае не само на политичките институции, туку и на секојдневните општествени интеракции, медиумски наративи и ставот на јавноста кон демократскиот процес.
Едно од прашањата кои во последниве години внесуваат најголем раздор е промената на името на земјата, што остро го подели етничкото македонско население. Дебатата ги претстави поединците како „предавници“ затоа што го поддржале Преспанскиот договор (Конечен договор, 2018) или „патриоти“ затоа што се спротивставиле на него, со што се создаде длабок општествен јаз. Дури и откако прашањето беше формално решено, поларизацијата продолжи преку етикетирања како што е „Северџан“ (навредлив термин изведен од „Северна Македонија“) што се користат за стигматизирање на оние што го прифатија новото име. Во исто време, албанското население во Северна Македонија честопати е прикажано во националистичките наративи како население кое е рамнодушно во однос на прашањето за името, со тврдење дека „тоа не е нивна земја“ и дека нивен примарен интерес е интеграцијата во ЕУ.
Оваа тактика на прикажување на сложените политички компромиси како предавства продолжи со дебатата околу францускиот предлог за отворање преговори за пристапување во ЕУ. Предлогот (ЕУ, 2022) вклучува барање за измена на Уставот за да се признаат Бугарите како малцинство и ги разгоре националистичките тензии. Слично како и контроверзноста околу промената на името, политичките актери и медиумите ги прикажаа поддржувачите на уставната промена како предавници кои се подготвени да ги „продадат“ националните интереси, додека противниците се слават како бранители на националното достоинство. Паралелно на тоа, се појави сè погласен наратив против ЕУ кој е поттикнат од перцепциите дека Европската Унија поставува неправедни или понижувачки барања кон Северна Македонија.
Еден друг постојано присутен извор на поларизација е дебатата во врска со меѓуетничките односи во јавните институции, особено функционирањето на „балансерот“ кој беше воведен за да се обезбеди правична застапеност на етничките заедници во државната администрација. Неодамнешните промени и предлози за прилагодување на овој систем повторно ги разгореа тензиите, покренувајќи прашања за правата на албанското малцинство и дали тие се прошируваат на сметка на етничкото македонско мнозинство.
Родовиот идентитет и правата на LGBTQ+ заедницата долго време беа прашања кои поларизираат во Северна Македонија, но тензиите значително ескалираа со изготвувањето на Законот за родова еднаквост (Европска комисија за демократија преку право, 2021) и Законот за граѓанска регистрација (Група пратеници, 2023). Иако двата закона останаа во нацрт-форма (Радио Слободна Европа во Македонија, 2023), надлежното министерство повика на широки консултации со јавноста за да се поттикне инклузивен дијалог и да се добијат мислења пред финализирање на законското решение. Меѓутоа, наместо да се поттикне конструктивна дебата, процесот се претвори во жариште на интензивни културолошки војни. Верските институции, особено Православната црква, ги преместија своите пораки подалеку од дискусиите за родова еднаквост и почнаа да промовираат популистички анти-LGBTQIA+ наративи (Telma.mk, 2023; Liberats.mk, 2023). Ваквата комуникација не само што беше насочена кон содржината на предложените закони, туку таа исто така ги оцрнуваше и граѓанските организации кои работат на родовата еднаквост и на правата на LGBTQIA+ заедницата, обвинувајќи ги за поткопување на „традиционалните вредности“ и на општественото ткиво.
2.2. Политички дискурс: Исклучување и антагонизам
Политичката поларизација во Северна Македонија не само што е длабоко поделена по етнички линии, туку е сè повеќе обликувана и од идеолошки поделби, особено помеѓу либералните и конзервативните сили. Во етничкиот македонски политички спектар, за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (види СДСМ, без датум) постои широко распространето мислење дека е либерална и проевропска партија која поддржува реформи, инклузија и интеграција во ЕУ. СДСМ, која во моментов е во опозиција, промовира политики кои се усогласени со демократските стандарди на ЕУ, вклучувајќи ги правата на малцинствата и родовата еднаквост. Спротивно на тоа, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се претставува себеси како конзервативна сила која ги брани националните интереси и традиционалните вредности (ВМРО-ДПМНЕ, Канал 5, 2022). Таа честопати се позиционира како чувар на македонското достоинство, изразува скептицизам кон перципираните надворешни притисоци од Брисел и се залага за зачувување на националниот идентитет и суверенитет.
Ваквиот идеолошки јаз станува уште поинтензивен доколку се гледа во контекст на интеграцијата во ЕУ. Поддржувачите на пристапувањето во ЕУ се прикажувани од нивните противници како некои кои се премногу подготвени за компромис за националните прашања, како што се, на пример, прифаќањето поголеми права за Албанците, заштита на припадниците на LGBTQ+ заедницата и уставните измени за да се задоволи Брисел (Vecer.mk, 2025). Од друга страна, конзервативните сили се претставуваат себеси како бранители на националната чест и како некои кои се спротивставуваат на она што тие го карактеризираат како уцена од ЕУ и како наметнување од странство.
Во рамките на етничкиот албански политички пејзаж, поделбата има поинаква форма, но таа се вклопува во истата поширока поларизација. На пример, коалицијата ВЛЕН, која е релативно нов политички сојуз кој го претставува албанското малцинство и е ориентирана кон реформи, потенцираат демократизација, борба против корупцијата и меѓуетничка соработка (VLEN). ВЛЕН се смета за поотворена за соработка со македонските партии и за ангажирање во институционални реформи, усогласувајќи се со проевропските вредности. Спротивно на тоа, Демократската унија за интеграција (ДУИ), која долги години е доминантна албанска партија, сега во опозиција, честопати ја позиционира својата политичка улога како примарен бранител на албанските интереси против македонскиот национализам (види press24.mk, 2025). Критичарите ја обвинуваат ДУИ за продолжување на етничкиот клиентелизам и за давање приоритет на етничката застапеност пред системските реформи.
Овие исклучувачки и поларизирани наративи можеби се генерирани на домашен терен, но тие активно се експлоатираат од проруски актери и од субјекти-посредници во ширењето дезинформации. Всушност, голем дел од популистичките пораки (прикажување на интеграцијата во ЕУ како предавство, прикажување на малцинските права како закана за националниот идентитет и напаѓање на родовите и правата на LGBTQ+ заедницата) се совршено на иста линија со темите кои ги протежира Кремљ и тие не бараат некакво значително адаптирање.
2.3. Домашни посредници
Домашните посредници на странското влијание работат непречено во сите сектори, и тоа од политиката и граѓанското општество па сè до бизнисот. Некои од овие актери имаат јасни врски со странски донатори или идеолошки сојузници, а други, пак, функционираат на помалку јасен начин и делуваат како засилувачи на антизападни или антидемократски наративи без никаква директна или докажана поврзаност со странски држави.
Постојат неколку истакнати граѓански организации кои дејствуваат како домашни посреднички групи кои придонесуваат за постоење на поларизиран дискурс во Северна Македонија; сите тие промовираат антиродова реторика под маската на заштита на правата на децата (Гаговски, 2024) и на традиционалните вредности. Иако се претставува како аполитична и како субјект кој искажува загриженост за добросостојбата на малолетниците, Коалицијата за заштита на децата е гласен противник на воведување на сеопфатно сексуално образование и силно се спротивставува на правните обиди за унапредување на родовата еднаквост и на правата на LGBTQ+ заедницата. Таа е особено влијателна во обликувањето на јавното мислење и во вршењето притисок врз државните институции да ги ублажат или да го одложат воведувањето на прогресивни политики - особено предлог Законот за родова еднаквост. Коалицијата е идеолошки поврзана со партијата Родина (видете Родина Македонија, без датум), политички субјект кој е јавно идентификуван како проруска партија и е познат по ширењето наративи кои се на иста линија со наративите на Кремљ (Петровски, Исмаили и Ковачевска, 2024).
Левица (види Левица, без датум) е крајно левичарска, евроскептична партија која е позната по својата поврзаност со Русија и Кина и по промовирањето на мултиполарен свет. Редовно ги критикува политиките на ЕУ и НАТО, го претставува западното влијание како империјалистичко и се спротивставува на клучните реформи поврзани со правата на малцинствата и интеграцијата во ЕУ. Партијата, исто така, имаше средби со руски претставници и ги зајакнува ги своите антизападни ставови.
Патриотското друштво е националистичка група во Северна Македонија која тврди дека промовира патриотизам, но тоа, всушност, постојано шири етничка омраза (Meta.mk, 2024), особено кон Албанците, и користи анти-LGBTQ+ и мизогона реторика. Преку социјалните мрежи и подкастите, Патриотското друштво ја величи тесната дефиниција за македонскиот идентитет, а другите ги етикетира како предавници, при што честопати заговара и насилство и исклучување.
2.4. Подложност на јавноста
Повеќе извештаи кои се однесуваат на јавното мислење во Северна Македонија посочуваат на постоењето на висок степен на подложност на евроскептични дезинформации, особено кај публиката која има ниска медиумска писменост. Во комбинација со медиумските и политичките пораки кои ги искористуваат постојните предрасуди, сите тие прават Северна Македонија да биде особено ранлива на поларизација и на странско влијание.
Неодамнешните анкети покажуваат растечки евроскептицизам кај главните политички партии во Северна Македонија. Имено, 61 процент од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и 62 проценти од поддржувачите на Левица веруваат дека членството во ЕУ не е корисно за земјата (360stepeni.mk, 2023), што е одраз на постоењето на широк тренд на разочараност од ЕУ, а кој постои и кај конзервативната десница и кај радикалната левица во земјата.
Според последните податоци, 82 проценти од етничките Македонци, во споредба со 11,3 проценти од етничките Албанци, се противат на уставните амандмани потребни за започнување на преговорите за пристапување во ЕУ – со други зборови, вклучувањето на Бугарите во Уставот (Lider.mk, 2025). Оваа разлика честопати се користи за зајакнување на наративот кој внесува раздор и според кој Албанците се рамнодушни кон македонските национални интереси и идентитет.
Општата недоверба кон државните институции и кон медиумите создаде плодна почва за просперитет на дезинформациите. Граѓаните сè повеќе веруваат дека сите политички актери, без оглед на партијата или идеологијата, шират дезинформации до одреден степен. Во истражувањето спроведено од Фондацијата „Метаморфозис“ (Митревски, 2024), на прашањето кои актери се одговорни, околу 48 проценти од испитаниците ги посочиле дипломатските служби на Русија, ЕУ и Соединетите Држави. Ова сугерира дека наративите што ги прикажуваат западните актери како ништо подобри од Русија успеале да ги замаглат границите помеѓу демократските и авторитарните влијанија. Во исто време, граѓаните покажуваат високо ниво на подложност на теории на заговор: 62 проценти веруваат дека „глобалистите или елитистите ги контролираат настаните во светот“, 66 проценти мислат дека Ковид-19 е намерно создаден, а 28 проценти веруваат дека нема потреба од вакцини „бидејќи болестите што може да се спречат со вакцини може да се надминат само со имунитетот“. Овие убедувања се во голем дел директен резултат на ниското ниво на медиумска писменост, широко распространетите дезинформации и генералното немање доверба во институциите, при што јавноста е ранлива на манипулации и на наративи кои внесуваат поларизација.
Медиумскиот екосистем на Северна Македонија е плуралистички однадвор, но му недостасуваат баланс и независност. Иако во земјата постои мешавина од јавни радиодифузни сервиси, приватни медиуми и онлајн портали, тие генерално не успеваат да прераснат во вистински избор и да придонесат кон конкурентност на гледиштата и ставовите поради концентрираната сопственост, политичко влијание и финансиска ранливост на медиумите.
Мониторот на сопственост на медиумите (BIRN, 2023) известува дека мала група компании контролира значителен дел од пазарот и од публиката, честопати преку недоволно транспарентни сопственички структури на повеќе медиуми. Недостатокот на транспарентност околу сопственоста дополнително ја поткопува независноста на медиумите и на политичките и корпоративните елити им овозможува во позадина да ги обликуваат уредничките политики на медиумите. Поточно, приватните медиуми често зависат од јавни средства за рекламирање, кои непропорционално се распределуваат на оние медиуми кои поволно известуваат за владејачките партии. Ваквата финансиска моќ ја компромитира уредничката независност и ја поттикнува самоцензурата. Меѓународниот институт за печат (International Press Institute) предупредува дека оваа практика создава клима во која се обесхрабрува истражувачкото новинарство, а често се избегнуваат приказните кои се политички чувствителни (Здружение на новинари на Македонија, 2023).
Македонската радио-телевизија (МРТ) е јавен радиодифузен сервис во земјата и има обврска да обезбедува непристрасна содржина според Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2017 година (со измените во 2024 година). Меѓутоа, во пракса, фактот дека МРТ е зависна од финансирање од државата ја прави оваа институција ранлива на политичко влијание, особено во предизборните периоди. Анализата на „Гете“ институтот (Тахири, 2021) потврдува дека МРТ се соочува со проблеми во однос на финансиска автономија и со политички притисоци, што ја ограничува нејзината улога како непристрасен јавен радиодифузен сервис.
Иако пенетрацијата на интернет во Северна Македонија е на релативно високо ниво (Kemp, 2024), и изнесува повеќе од 92 проценти од населението, истото не овозможи еднаков пристап до сигурни информации. Кога пристапуваат и избираат содржини, руралните заедници и етничките малцинства честопати се соочуваат со јазични проблеми, недостаток на локални медиуми и со ниско ниво на дигитална писменост. Овие структурни нееднаквости придонесуваат за постоење на нееднаков информациски пејзаж поради што одредени групи се поранливи на ФИМИ и на медиумска пристрасност воопшто.
Државното финансирање има сè позначајна улога во медиумскиот сектор во Северна Македонија, што предизвикува загриженост во однос на независноста на медиумите и потенцијалниот клиентелизам. Механизмите за финансирање честопати не се доволно транспарентни и се ограничени, а независните медиуми се зависни од донатори. Директните субвенции (наменети главно за печатени медиуми) се скромни и се намалуваат, а значителен извор на приходи сега се индиректното финансирање од државата преку платено политичко рекламирање и кампањи „од јавен интерес“ спонзорирани од државата. Само во 2024 година, политичкото рекламирање за време на изборите надмина 10 милиони евра, при што онлајн порталите добија над 800.000 евра за парламентарните избори (Јордановска, 2024). Вкупниот износ за политичко рекламирање на онлајн порталите за претседателските и парламентарните избори таа година се проценува на 2 милиони евра. Овој систем непропорционално им користи на големите партии и на политички насочените медиуми и за истиот нема соодветен надзор (види: Фондација „Метаморфозис“ 2025а).
Тенденцијата на постоење на неколку доминантни медиумски наративи, во комбинација со слабото спроведување на регулативата и ограничените новинарски ресурси, доведе до распространетост на она што се нарекува „копи-пејст новинарство“ во кое содржината најчесто се презема од други медиуми без соодветна проверка или контекст, што дополнително ја ослабува довербата на јавноста во веродостојноста на медиумите доколку споредиме со годините по стекнувањето на независноста.
Со интензивирањето на медиумската поларизација и зголемувањето на финансиските и политичките притисоци, просторот за независно, истражувачко и висококвалитетно новинарство (кое претставува камен-темелник на демократската отпорност) продолжува да се намалува. Ова создава опкружување во кое цутат дезинформации, што е дополнително влошена од слабата регулатива, недостатокот на транспарентност и слабите механизми за отчетност. Онлајн дезинформациите и етичките прекршувања се раширено присутни. Саморегулаторните тела на медиумите, како што е Советот за етика во медиумите, се преоптоварени и се борат да се справат со бројот на жалби, особено онлајн. Иако се забележа зголемување на напорите за подобрување на медиумската писменост, особено преку наставната програма воведена во 2021 година и преку иницијативи на граѓанското општество, тие беа претежно финансирани од донатори и можеби нема да продолжат без обновена поддршка. Примери за вакви иницијативи се онаа на фондацијата „Метаморфозис“ за борба против дезинформациите која би го опфатила целото општество и проектот „YouThink“ финансиран од Агенцијате за меѓународен развој на САД (УСАИД).
3.1. Влијание на медиумите кои имаат поврзаност со странство
Иако медиумскиот систем на Северна Македонија не се карактеризира со значителна сопственост од странство, влијанието на странските наративи (особено од Русија и Кина) е сеприсутно и расте (Balkan Insight, 2024, без датум). Овие влијанија доаѓаат до израз преку споделување содржини, здружување, повторно објавување на содржина од странски државни медиуми и користење на домашни посредници.
Кинеските државни медиуми како што се новинската агенција „Ксинхуа“ и Кинеската глобална телевизиска мрежа (CGTN) имаат дописници во Скопје и соработуваат со локалните медиуми за да се објавуваат содржини што го нагласуваат глобалното лидерство и економската дарежливост на Кина. Овие наративи честопати ја прикажуваат Кина како партнер за развој, а воедно ја минимизираат дискусијата за прашања како што се зависност од задолжување, недостаток на транспарентност во кинеските инфраструктурни проекти или потенцијални проблеми во управувањето поврзано со кинеските инвестиции (Блажевски, 2023).
Руското влијание е поотворено и политички наелектризирано. Содржини од „Спутник“, „РТ“ и други извори поддржани од Кремљ честопати се објавуваат од македонски веб-страници со минимално или без никакво филтрирање од уредникот. Овие наративи промовираат скептицизам кон ЕУ и НАТО, ја доведуваат во прашање легитимноста на демократските институции и честопати нагласуваат историски неправди и културолошко поистоветување со Русија (Симоновска, 2024). Стратешките пораки го прикажуваат Западот како декадентен или хегемонски и ги делегитимираат реформите поврзани со евроатлантската интеграција.
Ширењето на ваквите наративи е помогнато и од македонски медиуми кои доброволно влегуваат во договори за здружување или повторна употреба на содржина, како и од субјекти во државата кои се идеолошки симпатизери. Во некои случаи, овие односи се поддржани од финансиски или материјални стимулации. Значајна тактика со која се подобруваат кредибилитетот и опфатот е употребата на јазикот кој се зборува во државата, брендирање и јавни личности со кои на содржината со странско потекло ѝ се дава домашен карактер. ЕУ Институтот за безбедносни студии констатира дека употребата на домашни гласови и платформи кои се ориентирани кон домашниот пазар е карактеристика на современите операции на влијание. Странските актери вложуваат во локален легитимитет и користат познати формати и пораки кои резонираат со локалниот контекст за да го замаскираат надворешното потекло на наративите (Zorić, 2025). Оваа тактика значително го комплицира капацитетот на медиумските консументи да можат да прават разлика помеѓу веродостојни информации и манипулативна содржина.
Изборните периоди се особено подложни на манипулација со странски информации. Истражувачките извештаи и академските студии укажуваат на постоење на координирани обиди за влијание врз ставот на гласачите и јавното расположение за време на изборни кампањи, а тоа честопати се прави преку социјалните мрежи и веб-страниците за кои изгледа дека се управувани од домашни субјекти, но кои промовираат содржина која е на иста линија со странски стратешки интереси (Palloshi Disha и др., 2025).
Овие кампањи за влијание не се ограничени само на портали кои објавуваат вести. Тие дополнително се протегаат и на културни, образовни и економски сфери, меѓу кои се Институтот „Конфучие“, културни настани и стипендии кои имаат за цел нормализирање на странските наративи спонзорирани од таа држава. Долгорочна стратешка цел е да се креираат поволни перцепции за државите кои го прават тоа спонзорирање, а воедно и да се поткопаат демократските норми и институции на Северна Македонија.
3.2. Новинарски стандарди
Информативниот екосистем на Северна Македонија страда не само од странско влијание и структурна ранливост, туку и од ендемски слабости во квалитетот на новинарството. Тие вклучуваат економски притисоци врз медиумските работници, политичко мешање и ограничени институционални заштитни мерки во однос на професионалните стандарди. Според „Vibrant Information Barometer“ (VIBE) (IREX 2022), медиумската средина во Северна Македонија се класифицира како „Нежива“ (‘Not Vibrant’) што значи недостаток на независност кај уредниците, недоволна точност во известувањето и исто така недоволна јавна одговорност во секторот. Во едни такви услови, дезинформациите и пропагандата „цветаат“, а граѓаните остануваат без пристап до веродостојни, сеопфатни или разновидни извори на информации.
Една од основните причини за опаѓање на квалитетот на новинарството е економската несигурност. Новинарите во Северна Македонија често заработуваат помалку од просечната плата во земјата, при што почетните плати се движат од 250 до 450 евра месечно. Многумина работат со договори за привремено ангажирање, немаат социјално осигурување и затоа се соочуваат со неизвесност за својата егзистенција. Ова е особено случај кај оние што работат во помали или независни медиуми, поради што новинарите се мошне ранливи на притисоци, како и на поткуп, принуда од уредникот или на самоцензура.
Постојат напори да се подобри капацитетот кај новинарите. Некои организации, како што е Фондацијата „Метаморфозис“, покренаа портали за проверка на факти и програми за дигитална писменост за борба против дезинформациите. Паралелно со тоа, меѓународни организации, како што е Меѓународниот центар за новинари, ги поддржа новинарите во земјата преку организирање обука за новинарство со податоци, техники за верификација и стратегии за претходно разоткривање (Dibbert и Orr, 2024).
И покрај овие активности, да се работи како новинар и понатаму значи неизвесност. Многумина од нив работат во опкружување на страв. Вознемирувањето, заканите и заплашувањето се секојдневна појава, особено кај оние кои известуваат за политички чувствителни теми или за теми кои предизвикуваат поделби во општеството. Жените новинари се соочуваат со дополнителни ризици: таргетирано малтретирање преку интернет, сексистички клеветења и доксинг. Има и примери за физички закани или следење, а реакцијата на властите честопати е недоволна или, пак, одбиваат да интервенираат.
Ваквото влошување на професионалното опкружување ја слабее улогата на медиумите како демократски столб и чувар. Доколку нема сеопфатна заштита на трудот, здраво спроведување на етичките барања и континуирана поддршка за истражувачкото новинарство, новинарските стандарди во Северна Македонија и понатаму ќе бидат ранливи на интерно влошување на нештата и на тоа да бидат искористувани однадвор.
3.3. Намалување на довербата во мејнстрим вестите
Довербата во медиумите постојано опаѓа. Горенаведеното истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ (види Слика 3.1) покажува дека повеќе од 64 проценти од населението секојдневно се информира од разговор со луѓето кои ги познаваат. Ова е единствениот извор на информации кај кој се забележува зголемување на „целосна доверба“ во опфатениот период (со мало опаѓање кај ставовите „целосно“ или „донекаде“). Јавната доверба во традиционалните медиуми (телевизиски станици, радио и печатени медиуми) е поголема од онаа во дигиталните медиуми. Поточно, 39 проценти од граѓаните целосно или делумно им веруваат на домашните телевизиски станици, 30 проценти им веруваат на телевизиските станици од соседните земји, 21 процент им веруваат на меѓународните телевизиски станици, 38 проценти им веруваат на радио станиците, додека 27 проценти им веруваат на печатените медиуми.
Слика 3.1. Тенденција на доверба на јавноста во информациите (2022/2023), по канал

Иако националните телевизиски канали и весниците и понатаму се активни, нивното влијание се намалува, особено кај помладата публика која сè повеќе се свртува кон социјалните мрежи како што се Фејсбук, Јутјуб и ТикТок за консумирање вести. Оваа промена е најизразена за време на изборните циклуси и во периоди на политички немири, кога социјалните платформи стануваат примарни извори на информации. Без уреднички надзор, овие дигитални средини овозможуваат неконтролирано ширење на теории на заговор, мамки за кликови и политички мотивирани дезинформации.
Соочени со намалување на својот опфат, голем број на традиционални медиуми усвоија модел на „најнови вести“ (breaking news) за да останат конкурентни во однос на брзината на дигиталната содржина. Притоа, тие честопати ги оставаат настрана суштината и контекстот и фаворизираат сензационализам наместо точност, притоа правејќи „копи-пасте“ известување како што беше кажано претходно.
Сè поголем дел од луѓето се вртат кон нетрадиционални извори на информации како што се блогови, независни портали, инфлуенсери и Јутјуб канали кои се засноваат на мислења. Овие платформи често нудат алтернативни мислења, но тие ретко подлежат на професионални новинарски стандарди. Без постоење на отчетност на уредникот или без проверка на фактите, овие извори би можеле да ги засилат наративите кои се лажни или кои внесуваат поделби.
Поткопувањето на довербата во медиумите намерно се искористува од актери поврзани со политиката кои промовираат антимедиумска реторика и го дискредитираат етаблираното новинарство како корумпирано, пристрасно или елитистичко. Ваквите наративи честопати се засилуваат од мрежи кои се поврзани со странство, а кои ги прикажуваат западните медиумски институции како соучесници во агендите на надворешната политика и/или дека се манипулативни на друг начин. Проценката направена од VIBE 2024 истакнува како оваа динамика значително го зголемила јавниот скептицизам и оддалечувањето од традиционалните медиумски институции (IREX, 2024).
Регулаторната рамка за онлајн политичка комуникација и понатаму не е доволно развиена. Северна Македонија нема јасни правила за дигитално политичко рекламирање, за транспарентност на кампањите или отчетност на платформите. Како резултат на тоа, политичката содржина може слободно да циркулира без да се обелоденува финансирањето, спонзорство или потеклото, со што на граѓаните им е потешко да ги проценат автентичноста и мотивацијата на пораките со кои се среќаваат.
Граѓанските организации повикаа на воведување итни реформи што ќе ја подобрат транспарентноста, при што се залагаат за вложување поголеми напори во делот на медиумска писменост и за воспоставување на посилни партнерства меѓу регулаторите, технолошките платформи и организациите задолжени за надзор. Клучна работа е да се обезбеди медиумите да ја исполнуваат својата демократска улога како извор на точни информации и отчетност кон јавноста. Меѓутоа, овие мерки сè уште не се спроведени во поголема мера и поради тоа демократската отпорност на Северна Македонија е соочена со критична празнина.
Повторното градење на довербата во медиумите ќе бара повеќеслоен пристап: подобрување на медиумската писменост во училиштата, спроведување на етички стандарди на сите медиумски платформи, инвестирање во истражувачко новинарство и обезбедување политичка неутралност во распределбата на јавните средства. Додека тоа не се случи, фактот дека јавноста се потпира на фрагментирани и честопати несигурни извори на информации е нешто што и понатаму ќе ги поткопува темелите на едно информирано и демократско општество.
4.1. Фрагментирани информациски средини
Дигиталната информатичка средина во земјата е обликувана од долгогодишните поделби во општеството и од деструктивното влијание на дигиталните медиуми. Голем број студии и мониторинг извештаи потврдуваат дека онлајн сферата во државата е длабоко поделена по етнички, политички и идеолошки линии, при што овие поделби се одразуваат и засилуваат во дигиталниот простор и на социјалните мрежи (Мицевски и Трпевска, 2023; Palloshi Disha, Halili и Rustemi, 2023). Оваа фрагментација не е само неизбежен производ на мултиетничкиот состав на земјата, туку е резултат исто така и на ширењето на дигиталните медиуми и експанзијата на онлајн платформите, кои ги надминаа реакциите на политиките и обидите за саморегулација.
Емпириските истражувања (Feta, Armakolas и Крстиновска, 2023; Ilazi и др., 2022) го евидентираа создавањето на тнр. „ехо комори“ на Фејсбук, Телеграм и други платформи, при што корисниците се групираат околу заеднички политички или етнички идентитети и се изложени на содржина која првенствено ги зајакнува нивните претходно постоечки убедувања. Овие ехо комори доаѓаат особено до влијание за време на изборните циклуси, бидејќи политичките актери и злонамерните инфлуенсери ja искористуваат потврдата на пристрасноста (confirmation bias) за да се мобилизираат наративи кои внесуваат поделби или пропагираат екстремизам (Gudachi, 2024). За време на изборите во 2024 година, на пример, имаше пораст на негативните онлајн дискурси (Тројачанец и Ризаов, 2024). Тоа значи дека клеветничките кампањи и таргетираните дезинформации (при што дигиталните платформи се користат како примарни вектори) ја поткопаа довербата во институциите и ги продлабочија меѓуетничките поделби. Истражувањето на Институтот за комуникациски студии потенцира како се користат историските неправди, етничкиот идентитет и теориите на заговор за да се поттикне политика на исклучување и да се делегитимираат противниците (Трајкоска и др., 2024).
Неодамнешните анализи (Ross Arguedas и др., 2022) посочуваат дека алгоритмите на социјалните мрежи, кои се дизајнирани така да обезбедат максимална ангажираност на корисниците, систематски објавуваат содржина која одговара на постојните преференции на корисниците, со што се стеснува изложеноста на поинакви гледишта и се зајакнува потврдата на пристрасноста. Овој процес не само што го прави хомоген онлајн дискурсот во рамките на групите, туку и го забрзува ширењето на дезинформации, при што прави корисниците да бидат поподложни на манипулација и ја намалува можноста да се сретнат со корективни информации или поинакви гледишта. Резултат од тоа е вкоренета дигитална поларизација што ја задушува критичката дебата и го попречува демократското размислување.
4.2. Можност за искористување на дигиталните технологии и социјалните мрежи
Најчесто користени и најтаргетирани дигитални технологии вклучуваат повеќе фактори на ранливост. Фејсбук, Телеграм, Јутјуб и алтернативните платформи како што е Парлер создаваат алгоритамско засилување, имаат ниски бариери за креирање кориснички сметки и слабо се модерирани. За време на изборниот циклус во 2024 година, политичките актери и малигните инфлуенсери ги искористија овие фактори на тактичен начин, што вклучуваше координирана употреба на лажни и анонимни кориснички сметки, засилување на непроверени тврдења и стратешко пуштање на емоционално набиена содржина со цел за да се максимизираат вклученоста и виралноста.
Извештаите на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (BIRN) и на Институто за стратешки дијалог (ISD) од Германија покажуваат дека целните кампањи за дезинформација систематски ги искористиле можностите на социјалните мрежи за микротаргетирање и формирање ехо-комора (Nikolic, 2020). Биле користени групи на Фејсбук и Телеграм за мобилизирање на поддржувачи и за ширење антизападни, про-Кремљ и анти-малцински наративи, при што повеќе од 60 проценти од пораките кои биле следени изразувале антизападни чувства, а 24 проценти искажувале ставови во полза на Кремљ. Политичките партии и актери рутински ги прикажувале противниците како закани за националниот или етничкиот идентитет, користејќи историски неправди и реторика на исклученост за да поттикнат поларизација. Употребата на реторички прашања, лажни кориснички сметки и содржина изразена само на еден јазик дополнително ги зајакнува вкоренетите „филтер-меури“ и ограничената вклученост во рамките на заедниците.
Иако постои растечка загриженост во врска со содржината генерирана од вештачка интелигенција и „deepfakes“, најновото истражување покажува дека, во 2024 година, ефектот врз Северна Македонија бил во ограничени рамки. Поголемиот дел од актуелната содржина манипулирана со вештачка интелигенција била насочена кон јавни личности од странство и таа сè уште не е претворена во оружје кое би се користело во домашен контекст, главно поради јазични и технички бариери. Единствена употреба на „deepfake“ технологијата е пронајдена во измамнички реклами кои се претставени од (лажни) ТВ водители и познати лекари.
4.3. Недостатоци во политиките за модерирање
Напорите да се ублажи ранливоста на дигиталните платформи во голема мера се предводени од граѓанското општество. Иницијативи како што се проверката на факти на Фондацијата „Метаморфозис“, кампањите за подигнување на јавната свест и активностите за вклучување на младите („Сајбер тресења“) се обидуваат да воспостават отпорност и да ја промовираат медиумската писменост. Предмет на дискусија се национални стратегии и кодекси на однесување, но имплементацијата и понатаму е делумна и фрагментирана, без постоење на сеопфатна регулаторна рамка или координиран одговор од институциите. Како резултат на тоа, иако е постигнат одреден напредок во вклучувањето на јавноста и подигањето на јавната свест, целокупната ефикасност на овие противмерки и понатаму е ограничена.
Уште полошо, олабавувањето на политиките за модерирање кога станува збор за содржините објавени на Мета/Фејсбук е нешто што ќе има многу големо влијание (Тројачанец, 2025), и тоа не само врз веќе постоечките недоследни практики за модерирање на Фејсбук (која е најкористена платформа од сите социјални мрежи). Извештајот на BIRN (Gudachi, 2024) истакнува како биле распространети негативните дискурси онлајн, личните напади и тактиките на заплашување за време на изборите во 2024 година. Во тој период, политичарите ги претставуваа своите противници како егзистенцијални закани за националниот или етнички идентитет, со што правеа консолидирање на својата база и правеа делегитимирање на ривалите. Партиите, исто така, манипулираат со карактеристиките на оваа платформа така што прават микротаргетирање на публиката, користат комуникација само на еден јазик (изолираност) и употребуваат реторички прашања за суптилно всадување сомнеж без посочување директни докази.
Измените на Законот за медиуми од 2013 година имаат за цел да воведат регулаторен надзор за онлајн медиумите, со формирање на нов регистар за онлајн медиуми и со подобрени барања за обезбедување транспарентност. Граѓанските организации кои работат на проверка на фактите соработуваат со други организации во ЕУ и пошироко за да пријавуваат говор на омраза и дезинформации и на тој начин одржуваат подобра комуникација со платформите, особено со Фејсбук. Иако овие мерки покажаа одредено позитивно влијание, сепак целокупната ефективност останува парцијална, попречена од фрагментираната имплементација, ограничениот опфат и постојаната прилагодливост на малигните актери.
5.1. Неефективни регулаторни органи
Актуелната влада на Северна Македонија, предводена од конзервативната партија на премиерот Христијан Мицкоски, не излезе со јавен став во врска со прашањето за ФИМИ. Фондацијата „Метаморфозис“ и други граѓански организации веќе алармираа за начинот на кој владата се справува со предизвиците поврзани со ФИМИ (Тројачанец и Ризаов, 2024) но државните институции во голема мера останаа неактивни во овој дел.
Во 2019 година, претходната влада предложи конкретен план за справување со дезинформациите, но оттогаш има мал напредок. Собранието не го разгледа прашањето за ФИМИ на ниту една од своите комисии (Тројачанец и Ризаов, 2024), и покрај тоа што најмалку пет комисии имаат мандат да го сторат тоа. Само Комисијата за одбрана и безбедност покажа интерес да се ангажира во однос на ова прашање.
Покрај тоа, изразенa е и загриженост за однесувањето на владата во врска со пристапот до јавни информации (Emehet, 2024). Ограничувањата кај барањата за слобода на информации и на пристапот до податоци од Централниот регистар доведоа до стравувања од намалување на транспарентноста и отчетноста. Новинарите посочија дека се соочуваат со доцнења и одбивања на барањата за добивање јавни информации, што може да ги попречи напорите за ефективна борба против ФИМИ.
Во суштина, ниту сегашната влада, ниту Собранието не покажаа значајна иницијатива во справувањето со ФИМИ. Граѓанските организации постојано го критикуваат овој недостаток на политичка волја и конкретна акција, истакнувајќи дека недоволните законски предлози и слабите механизми за надзор попречуваат ефективно реагирање.
Битката на Северна Македонија против дезинформациите и ФИМИ не може да ја добие ниту еден поединечен актер. Како земја која порано се сметаше за столб на стабилноста во Западен Балкан, нивото на нејзината отпорност или ранливост има импликации и надвор од нејзините граници. Сложеноста на овој предизвик бара пристап на ниво на целото општество и значителен регионален ангажман; одржливи и координирани напори во кои ќе бидат вклучени државни институции, медиуми, граѓанско општество, актери од приватниот сектор (вклучувајќи технолошки платформи и огласувачи), академски институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и колективно делување ќе може да се изгради сигурен и отпорен информациски екосистем.
Влоговите се високи: дезинформациите и ФИМИ ги поткопуваат демократските процеси, ја еродираат довербата кај јавноста, ги засилуваат поделбите во општеството и ги ослабуваат аспирациите на Северна Македонија за евроатлантска интеграција. Без решителна акција, индустријата за манипулација со информации и понатаму брзо ќе се адаптира, ќе ја надминува регулативата и ќе ги искористува слабостите на системот. Резултат на тоа ќе биде опкружување на недоверба и поларизација кое се заканува да го дестабилизира општеството и да го компромитира интегритетот на клучните институции.
Клучна работа е тоа што тука не станува збор само национално прашање. Со оглед на меѓународната природа на дигиталните медиуми, дезинформациите се шират преку границите и ги искористуваат меѓународните мрежи. Усогласувањето на правната и политичката рамка на Северна Македонија со меѓународните стандарди како што се Законот на ЕУ за дигитални услуги (DSA) од 2022 година и Европскиот закон за слобода на медиумите од 2024 година е од суштинско значење за да се обезбеди кохерентен, интероперабилен и ефективен одговор. Таквото усогласување ќе ги зајакне домашните заштитни мерки, а воедно ќе придонесе и за поширока регионална отпорност и соработка.
Справувањето со дезинформациите и ФИМИ, исто така, нуди можност да се зајакне демократското управување во Северна Македонија во поширока смисла. Со промовирање на транспарентност, отчетност и медиумска писменост, земјата може да ја обнови довербата на граѓаните во јавните институции и да ги еманципира заедниците критички да се ангажираат со информациите. Вложувањето во независно новинарство, во проверка на фактите и во капацитетите на граѓанското општество е темел на овој потфат.
Конечно, градењето отпорност против дезинформациите бара на информацискиот екосистем да се гледа како на заедничко јавно добро. Тоа бара долгорочна посветеност на законските реформи, градење на институционални капацитети и негување култура на дигитална одговорност и критички ангажман низ целото општество.
Препораки
1. Развивање и спроведување на Национална стратегија за борба против дезинформациите
Воспоставување на инклузивен национален координативен механизам што ќе ги обедини државните органи, медиумски здруженија, организациите на граѓанското општество, академските експерти, технолошките компании и претставниците на граѓаните. Овој форум се очекува да поттикне континуиран дијалог, заедничко планирање и споделена одговорност во насока на обезбедување соодветни адаптивни одговори во однос на тактиките за ширење дезинформација кои постојано еволуираат. Неопходно е Стратегијата да се усогласи со меѓународните правни рамки како што се DSA, стандардите на Советот на Европа и други норми за човекови права и дигитално управување што гарантираат усогласеност и интероперабилност и зајакнување на демократските вредности како на домашно ниво, така и преку границите.
2. Реформа на политичкото рекламирање и финансирањето на медиумите
Спроведување на строги барања за транспарентност во однос на политичкото рекламирање, вклучително и задолжително обелоденување на изворите на финансирање, на сопственоста и уредничките тимови. Регулирање и следење на трошењата за политички реклами со цел да се спречи ширењето на „фантомски медиуми“ – тоа се медиуми поврзани со политиката кои се намерно формирани за да се земат средства наменети за избори и да се избегнат законските ограничувања на трошењето. Вклучување на засегнати страни од приватниот сектор, агенции и платформи за дигитален маркетинг со цел истите да бидат посветени на етички практики во рекламирањето. Усвојување на регулаторни практики кои се усогласени со одредбите на Актот на ЕУ за дигитални услуги за онлајн политички реклами, вклучително и извештаи за транспарентност и механизми за спречување на манипулативно микротаргетирање, истовремено обезбедувајќи заштита на приватноста и слободата на изразување според домашното и меѓународното право.
3. Нарушување на економијата на дезинформации преку меѓусекторска соработка
Поддршка на правичните плати и на подобрите услови за работа за медиумските професионални лица што има за цел да се намалат економските можности талентираните кадри да се стремат кон мрежи за ширење на дезинформации, а со цел стекнување придобивки. Поттикнување на соработката меѓу истражувачките новинари, проверувачите на фактите и на субјектите од граѓанското општество кои вршат надзор за да се разоткријат кампањите за дезинформации и да се подигне свеста во врска со нив. Соработка со дигиталните платформи за да се зголеми алгоритамската транспарентност и да се намали засилувањето на штетната содржина која е водена од самото ангажирање на корисниците. Платформите што се активни во Северна Македонија треба да имаат обврска да се усогласат со барањата на Актот на ЕУ за дигитални услуги во делот на модерирање на содржината, проценка на ризикот и механизмите за надомест на штета на корисниците за да се ублажат системските ризици од дезинформации.
4. Обновување на јавната доверба преку институционална транспарентност и медиумска писменост
Промовирање на поголема отвореност и одговорност на јавните институции со цел повторно градење на довербата на граѓаните во демократските процеси. Спроведување на национални програми за медиумска писменост низ училиштата, универзитетите и заедниците со цел граѓаните да се стекнат со вештини за критичко размислување кои им се потребни за да ги препознаат и да се спротивстават на дезинформациите. Оспособување на граѓанските организации да водат иницијативи на локално ниво кои поттикнуваат дијалог, отпорност и дигитална писменост. Овие активности треба да ги вклучуваат меѓународните принципи за човекови права, меѓу кои и заштитата на слободата на изразување и приватноста, обезбедувајќи притоа балансирана и инклузивна јавна свест.
5. Зајакнување на законските и регулаторните рамки со меѓуресорско ангажирање
Ажурирање и усогласување на законите што ја регулираат дигиталната содржина, политичкото рекламирање, микротаргетирањето и говорот на омраза на интернет со цел да бидат ефективни, применливи и во согласност со демократските норми. Овозможување соодветни ресурси, независност и овластување на регулаторните тела за следење и реагирање на заканите со дезинформации во сите медиумски форми. Олеснување на континуираната соработка меѓу државата, граѓанското општество, академските институции и платформите за следење на усогласеноста и брзо решавање на новите предизвици. Да се обезбеди дека домашното законодавство е целосно усогласено со Актот за дигитални услуги на ЕУ и другите релевантни меѓународни правни стандарди, да се поттикнува прекуграничната соработка и да се овозможат здрави механизми за спроведување на правото.
360stepeni.mk, „За 61% од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и за 62% од работата на Левица членство во ЕУ не е добра” февруари 2023a, <https://360stepeni.mk/za-61-od-glasachite-na-vmro-dpmne-i-za-62-od-poddrzhuvachite-na-levitsa-chlenstvo-vo-eu-ne-e-dobra-rabota>, пристапено на 4 август 2025 година
—, „МПЦ ОА повикува на протест на 29 јуни во Скопје против предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост”, јули 2023, <https://360stepeni .mk/ mpts -oa -povikuva -na -protest -na -29 -juni -vo -skopje -protiv -predlog -zakonite -za -matichna -evidentsija -i -rodova -ednakvost>, пристапено на 4 август 2025 година
Здружение на новинари на Македонија, „Слобода на медиумите во Северна Македонија: Кревок процес: Извештај од мисијата за констатирање на фактите во однос на слободата на медиумите, 5-7 јуни 2023, <https://ipi.media/wp-content/uploads/2023/10/EN-Fact-Finding-PFM-Report-251023-web-1.pdf>, пристапено на 5 август 2025 година
Балкан Инсајт, „Кина на Балканот“, [без датум], <https://balkaninsight.com/mk/china-in-the-balkans>, пристапено на 4 август 2025 година
—, „Документарец на БИРН ги разоткрива руските дезинформации на Балканот“, 10 мај 2024 година, <https://balkaninsight.com/2024/05/10/birn-doc-lifts-lid-on-russian-disinformation-in-balkans>, пристапено на 4 август 2025 година
Балканска мрежа за истражувачко новинарство (BIRN), Монитор за сопственост на медиуми, „Северна Македонија 2023“, 12 ноември 2023 година, <https://north-macedonia.mom-gmr.org/mk>, пристапено на 5 август 2025 година
Бенацо, С., Карлоне, М. и Наполитано, М., „Северна Македонија можеби има име, но дали има национален идентитет?“, Euronews, 27 јануари 2019 година <https://www.euronews.com/2019/01/27/north-macedonia-might-be-born-but-does-it-have-a-national-identity>, пристапено на 5 август 2025 година
Берент, Ј., „Владата на Македонија е обвинета за скандалот со прислушување“, Њујорк Тајмс, 22 јуни 2015 година, <https://www.nytimes.com/2015/06/22/world/europe/macedonia-government-is-blamed-for-wiretapping-scandal.html>, пристапено на 4 август 2025 година
Блажевски, Б., „Зад сцената: Кинеското влијание во Северна Македонија“, Meta.mk, 8 март 2023, <https://meta.mk/en/behind-the-scenes-chinese-influence-in-north-macedonia>, пристапено на 5 август 2025 година
Диберт, Т. и Ор, Б., „Фондацијата „Метаморфозис“ се справува со сложеното опкружување на дезинформации во Северна Македонија“, Меѓународна мрежа на новинари, 2 април 2024 година <https://ijnet.org/en/story/metamorphosis-foundation-navigating-north-macedonia%E2%80%99s-complicated-disinformation-landscape>, пристапено на 5 август 2025 година
Емехет, Е., „Новата влада на Северна Македонија се соочува со критики поради пристапот до информации“, EU Balkan News, 25 октомври 2024 година, <https://balkaneu.com/north-macedonias-new-government-faces-criticism-over-access-to-information>, пристапено на 5 август 2025 година
Европска комисија, „Извештај за Северна Македонија 2024“, SWD (2024) 693 конечна верзија, 30 октомври 2024 година, <
Европска комисија за демократија преку право (Венецијанска комисија), Северна Македонија, Нацрт-закон за родова еднаквост, Мислење бр. 1037/2021, 28 мај 2021 година, <https://www.venice.coe.int/webforms/documents/?pdf=CDL-REF(2021)044-e>, пристапено на 28 август 2025 година
Европски парламент и Совет на Европската унија, Европски Акт за слобода на медиумите, 20 март 2024 година, <https://data.consilium.europa.eu/doc/document/PE-4-2024-INIT/en/pdf>, пристапено на 28 август 2025 година
Европска Унија, „Министерски состанок на меѓувладината конференција за комплетирање на отворањето на преговорите за пристап на Северна Македонија во Европската Унија, Генерална позиција на ЕУ“, јуни 2022, <https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/draft_general_eu_position.pdf>, пристапено на 5 август 2025 година.
Фета, Б., Армаколас, И. и Крстиновска, А., „Разбирање на односот помеѓу радикализацијата и медиумите во Северна Македонија“, документ за политики 141/2023, Хеленска фондација за европска и надворешна политика (ELIAMEP, јули 2023), <https://www.eliamep.gr/wp-content/uploads/2023/07/Policy-Paper-141-PAVE-ELIAMEP-second-paper_FINAL.pdf>, пристапено на 5 август 2025 година
„Конечен договор за решавање на разликите како што е опишано во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за прекинување на Времената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“, потпишан на 17 јуни 2018 година, <https://www.mfa.gr/images/docs/eidikathemata/agreement.pdf>, пристапено на 5 август 2025 година
Гаговски, Б., „Кога студентите по медицина се извинуваат – влијанието на антиродовото движење во јавната сфера“, Meta.mk, 23 април 2024 година, <https://meta.mk/en/when-medical-students-apologize-the-impact-of-the-anti-gender-movement-in-the-public-sphere>, пристапено на 5 август 2025 година
Џулио Сикурела, Ф. и Морача, Т., Анализирање на овозможувачите и поттикнувачите за манипулација и мешање со странски информации поврзано со избори: Глобална методологија (Стокхолм: International IDEA, 2025), <https://doi.org/10.31752/idea.2025.48>
Група пратеници, ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА, Собрание на Република Северна Македонија, јуни 2023 година, <https://www.sobranie.mk/detali-na-materijal.nspx?param=7ec7622f-eec3-4be5-8f22-4c41cb49a63c>, пристапено на 28 август 2025 година
Гудачи, В., Онлајн наративи и дискриминација: влогот за малцинствата во македонските избори (Белград: БИРН, 2024), <https://balkaninsight.com/wp-content/uploads/2024/06/Online-narratives-and-discrimination.pdf>, пристапено на 4 август 2025 година
Илази, Р., Орана, А., Авдиметај, Т., Фета, Б., Крстиновска, А., Кристидис, Ј. и Армаколас, И., Онлајн и офлајн (де)радикализација на Балканот. Работен документ 5. (Публикации на проектот PAVE, 2022), <https://www.eliamep.gr/wp-content/uploads/2022/05/PAVE-D5.1-Online-and-Offline-Deradicalisation-in-the-Balkans.pdf>, пристапено на 4 август 2025 година
Меѓународна фондација за изборни системи, „Најчесто поставувани прашања за изборите: Северна Македонија – Парламентарни избори 8 мај 2024 година“ 30 април 2024 година (Меѓународна фондација за изборни системи 2024) <https://www.ifes.org/sites/default/files/2024-05/North%20Macedonia%20FAQ%20May%20Parliamentary%20Elections_2024_FINAL%20VERSION.pdf>, пристапено на 27 август 2025 година
International IDEA, Индекс на глобалната состојба на демократијата, Democracy Tracker – „Северна Македонија“, [nd], <https://www.idea.int/democracytracker/country/north-macedonia>, пристапено на 5 август 2025 година
Меѓународен републикански институт (IRI), „Анкета на јавното мислење: Жители на Северна Македонија“, 7 март 2022 година, <https://www.iri.org/news/iri-north-macedonia-poll-shows-an-increase-in-foreign-influence-lack-of-transparency-in-political-parties-support-for-open-balkan-initiative> , пристапено на 5 август 2025 година
IREX, Vibrant Information Barometer 2022 – „Северна Македонија“, <https://www.irex.org/files/VIBE_2022_North_Macedonia.pdf>, пристапено на 5 август 2025 година
Vibrant Information Barometer 2024- „Северна Македонија“, <https://www.irex.org/sites/default/files/VIBE_2024_NorthMacedonia.pdf>, пристапено на 17 септември 2025 година
Јордановска, М., „За порталите 811 илјади евра од колачот за парламентарните избори“, 4 октомври 2024 година, <https://meta.mk/za-portalite-811-iljadi-evra-od-kolachot-za-parlamentarnite-izbori>, пристапено на 5 август 2025 година
Јовановска, Б. и Миленковска, С., Жени политичари и медиумската пристрасност (Скопје: Институт за комуникациски студии (ИКС), 2024), <https://iks.edu.mk/en/research-analysis/women-politicians-and-media-bias>, пристапено на 5 август 2025 година
Канал 5 Национална ТВ, „ВМРО-ДПМНЕ: Претседателот Мицкоски ги брани позициите на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ“, 5 јуни 2022 година, <https://kanal5.com.mk/vmro-dpmne-pretsedatelot-mickoski-gi-brani-poziciite-na-makedonija/a533093>, пристапено на 5 август 2025 година
Кемп, С., „Дигитално 2024: Северна Македонија“, Datareportal, 23 февруари 2024 година, <https://datareportal.com/reports/digital-2024-north-macedonia>, пристапено на 4 август 2025 година
Ковачевска, Д. и Јањиќ, С., Мапирање на родовите дезинформации во Западен Балкан – Северна Македонија (Белград: Мрежа за известување за различности/ Институт за медиумска различност Западен Балкан, 2025), <https://smartbalkansproject.org/wp-content/uploads/2025/05/Mapping-gendered-disinformation-in-the-Western-Balkans-1.pdf>, пристапено на 5 август 2025 година
Левица, „Политичка платформа“, [без датум], <https://levica.mk/za-nas/platforma>, пристапено на 5 август 2025 година
Libertas.mk, „МПЦ ОА повикува на протест на 29 јуни во Скопје против предлог-законите за граѓанска регистрација и родова еднаквост“, јули 2023, <https://libertas.mk/mpc-oa-povikuva-na-protest-na-29-uni-vo-skop-e-protiv-predlog-zakonite-za-matichna-evidenci-ai-rodova-ednakvost>, пристапено на 4 август 2025 година
Lider.mk, „ (АНКЕТА) Против уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот се 82% од Македонците и 11,3% од Албанците“ [(АНКЕТА) 82% од Македонците и 11,3% од Албанците се против уставните амандмани за да се вклучат Бугарите во Уставот], 6 април 2025 година, <https://lider.mk/anketa-protiv-ustavni-izmeni-za-vnesuvane-na-bugarite-vo-ustavot-se-82-od-makedontsite-i-11-3-od-albantsite>, пристапено на 5 август 2025 година
Македонија, Република, Закон за финансирање на политички партии, Службен весник на Република Македонија бр. 36/2006, 8 март 2006 година, <https://legislationline.org/sites/default/files/documents/ef/2012-11-%2024%20Law%20Financing%20Political%20Parties_en.pdf>, пристапено на 28 август 2025 година
—, Закон за граѓански регистар, Службен весник на Република Македонија бр. 8/95, 38/02, 66/07, 67/09, 13/13, 43/14, 148/15, 27/16 и 64/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 14/20, 10 април 2024 <https://www.refworld.org/legal/legislation/natlegbod/1995/en/124335?prevDestination=search&prevPath=/search?keywords=Cyprus%3A+Civil+Registry+Law+%282002%29&sort=score&order=desc&result=result-124335-en>, пристапено на 28 август 2025 година
Марушиќ, С.Ј., „Партиите во Северна Македонија се блиску до договор за техничка влада“, Balkan Insight, 28 декември 2019 година, <https://balkaninsight.com/2019/12/28/north-macedonia-parties-close-to-deal-on-technical-govt>, пристапено на 5 август 2025 година
—, „20 години подоцна, наследството од вооружениот конфликт опстојува во Северна Македонија“, Balkan Insight, 22 јануари 2021 година, <https://balkaninsight.com/2021/01/22/20-years-on-armed-conflicts-legacy-endures-in-north-macedonia>, пристапено на 12 август 2025 година
Meta.mk, „Музика и омраза: Како една песна предизвика етнички тензии на студентска забава во Скопје“, 15 август 2024 година, <https://meta.mk/en/music-and-hatred-how-a-song-caused-ethnic-tensions-at-a-student-party-in-skopje>, пристапено на 5 август 2025 година
Фондација „Метаморфозис“, „Државно финансирање во Северна Македонија: Овозможување системот да биде пофер, посилен и потранспарентен“, 2025а, <https://metamorphosis.org.mk/en/izdanija_arhiva/state-funding-in-north-macedonia-making-the-system-fairer-stronger-and-more-transparent>, пристапено на 5 август 2025 година
—, „Кликнувања, пари и влијание: Улоги и одговорности на онлајн медиумите во изборите“, 7 март 2025-б, <https://metamorphosis.org.mk/en/aktivnosti_arhiva/clicks-money-and-influence-online-medias-roles-and-responsibilities-in-elections>, пристапено на 5 август 2025 година
Мицевски, И. и Трпевска, С., Мониторинг на медиумскиот плурализам во дигиталната ера: Примена на мониторот за медиумски плурализам во Европската Унија, Албанија, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија и Турција во 2022 година, Извештај за земјата, Република Северна Македонија, Центар за плурализам на медиумите и слобода на медиумите, јуни 2023 <https://cadmus.eui.eu/server/api/core/bitstreams/c2b70be0-33ec-59a7-98aa-dbe7f39ad7af/content>, пристапено на 4 август 2025 година
Митревски, Г., Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2023 година (Скопје: Фондација „Метаморфозис“, 2024), <https://metamorphosis.org.mk/en/izdanija_arhiva/the-effect-of-disinformation-and-foreign-influences-on-the-democratic-processes-in-north-macedonia-in-2023>, пристапено на 5 август 2025 година
Николиќ, И., „Северна Македонија: Фејсбук страници таргетираат корисници со „иста содржина““, Балкан Инсајт, 25 јуни 2020, <https://balkaninsight.com/2020/06/25/north-macedonia-facebook-pages-target-users-with-identical-content>, пристапено на 4 август 2025 година
Партнерство за отворена влада (ОГП), Акциски план за Северна Македонија 2024–2026 (Министерство за информатичко општество и администрација, февруари 2024), <https://www.opengovpartnership.org/wp-content/uploads/2024/03/North-Macedonia_Action-Plan_2024-2026_EN.pdf>, пристапено на 14 август 2025 година
Организација за безбедност и соработка во Европа, Канеларија за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ ОДИХР), „Република Северна Македонија, Локални избори, октомври 2025 година, Извештај на мисијата за проценка на потребите на ОДИХР 24–27 јуни 2025 година“, <https://www.osce.org/files/f/documents/4/e/595912.pdf>, пристапено на 28 август 2025 година
Палоши Диша, Е., Халили, А. и Рустеми, А., „Ранливост на дезинформации во врска со политичката припадност во Северна Македонија“, Медиуми и комуникации, 11/2 (2023), стр. 42–52, <https://doi.org/10.17645/mac.v11i2.6381>
Палоши Диша, Е., Сорелс, Ј., Креци, В. и Исмаили, В., „Распространетоста и влијанието на политичките дезинформации за време на изборите во Северна Македонија“, Медиумска писменост и академски истражувања, 8/1 (2025), стр. 208–27, <https://www.mlar.sk/wp-content/uploads/2025/06/11_Edlira-Palloshi-Disha.pdf>, пристапено на 4 август 2025 година
Петровски, И., Исмаили, М. и Ковачевска Д., „Од Левица преку Родина до ГРОМ и МААК: Кои се московските мегафони во земјата“, Truthmeter, 8 април 2024 година, <https://truthmeter.mk/from-levica-through-rodina-to-grom-and-maak-who-are-moscows-megaphones-in-the-country>, пристапено на 11 август 2025 година
press24.mk, „ДУИ: Сите се против Албанците – a СДСМ се албанофоби“, 10 јануари 2025, <https://press24.mk/dui-site-se-protiv-albancite-i-sdsm-se-albanofobi>, пристапено на 11 август 2025 година
Преземи Одговорност, „КОГА ЧОВЕК ЌЕ ЈА ЗГРЕШИ ПРОФЕСИЈАТА ЛГБТИ“, објава на Facebook, 25 јуни 2023 година, <https://www.facebook.com/prezemiodgovornost/posts/pfbid06tYkufMzDxckB1n1GZpXaXLtauWqBfvNCJJcdNNa53RcZAc64sKCs5WetdGQmTaal>, пристапено на 11 август 2025 година
Radio Free Europe in Macedonian (RFI), „Црквата протестира, власта вели само се дебатира – Што е спорно во законите за „род“?“, 27 јуни 2023 година, <https://www.slobodnaevropa.mk/a/crkvata-protestira-vlasta-veli-samo-se-debatira-shto-e-sporno-vo-zakonite-za-rod-/32478030.html>, пристапено на 11 август 2025 година
Родина Македонија, веб-страница [без датум], <https://rodina.org.mk>, пристапено на 11 август 2025 година
Рос Аргедас, А., Робертсон, КТ, Флечер, Р. и Келис Нилсен, Р., Ехо комори, филтер меури и поларизација: преглед на литературата (Оксфорд: Институт Ројтерс/Кралско друштво, 2022), <https://reutersinstitute.politics.ox.ac.uk/echo-chambers-filter-bubbles-and-polarisation-literature-review>, пристапено на 11 август 2025 година
СДСМ (Социјалдемократски сојуз на Македонија), „Историја на партијата“ [македонски], <https://sdsm.org.mk/sdsm/istorija>, пристапено на 11 август 2025 година
Симоновска, М., „Руските дезинформации создаваат магливо антизападно расположение во Северна Македонија“, Antidisinfo.net, 11 април 2024 година, <https://antidisinfo.net/russian-disinformation-raising-foggy-anti-western-sentiment-in-north-macedonia>, пристапено на 4 август 2025 година
Државна изборна комисија на Република Северна Македонија, ИЗБОРЕН ЗАКОНИК, април 2024 година, <https://www.sec.mk/regulativa>, пристапено на 28 август 2025 година
Тахири, С., „Јавниот радиодифузен сервис на услуга на граѓаните на Северна Македонија“, Гете институт, 2021 година, <https://www.goethe.de/ins/bg/en/kul/sup/med-inc/mi-nm/22511670.html>, пристапено на 5 август 2025 година
Telma.mk Национална ТВ, „Јаков Стобиски: Законите се чудовишен конструкт, отвораат можност секој ден да излегуваат разноразни родови, а невладините се платеници“, <https://telma.com.mk/2023/06/27/jakov-stobiski-zakonite-se-chudovishen-konstrukt-otvoraat-mozhnost-sekoj-den-da-izleguvaat-raznorazni-rodovi-a-nevladinite-se-platenici>, пристапено на 11 август 2025 година
Трајкоска, Ж., Серафимовска, E., Теменугва, A. Шопар, В., Марковиќ, М., Георгиевски, Б., Лахтов, М., Брнс, М. С., Конеска-Василевска, T., Малиновски, Д. И Делов, В., „Определување на политички штетни наративи (HARM-TIVE)“, Институт за комуникациски студии (ИКС), 2024, <https://respublica.edu.mk/wp-content/uploads/2024/01/harm-tive-first-report-short-version.pdf>, пристапено на 5 август 2025 година
Тројачанец, М., „Ефектите од промената на политиките за модерирање на содржината на Мета“, Медуза.мк, 23 април 2025 година, <https://meduza.mk/plostad/efektite-od-promenata-na-politikite-za-moderira%D1%9Ae-na-sodrzhina-na-meta>, пристапено на 5 август 2025 година
Тројачанец, М. и Ризаов, Г., „Стабилноста под закана – ФИМИ во Северна Македонија“ (Скопје: Фондација „Метаморфозис“, 2024), <https://metamorphosis.org.mk/en/izdanija_arhiva/stability-under-threat-fimi-in-north-macedonia>, пристапено на 5 август 2025 година
Вистиномер, „Не е точно дека министерката Петровска прави список за мобилизација на војници во Украина“ 1 ноември 2022, <https://vistinomer.mk/ne-e-tochno-deka-ministerkata-petrovska-pravi-spisok-za-mobilizacija-na-vojnici-vo-ukraina>, пристапено на 17 септември 2025 година
Вечер.мк, „ФИЛИПЧЕ КОНТРА МАКЕДОНЦИТЕ, додека 82% се против уставни измени, тој во решение ги ветува по цена на политичката кариера“, додека 82% се против уставните измени, тој во Брисел ги ветува по цена на политичка кариера, 8 април 2025, https://vecer.mk/makedonija/filipche-kontra-makedontsite-dodeka-82-se-protiv-ustavni-izmeni-toj-vo-brisel-gi-vetuva-po-tsena-na-politichka-kariera>, пристапено на 11 август 2025 година
ВЛЕН, „Коалиција ВЛЕН“ [македонски], [без датум], <https://vlen.eu/rreth-nesh>, пристапено на 11 август 2025 година
ВМРО-ДПМНЕ, „Историја“ [македонски], [без датум], <https://vmro-dpmne.org.mk/%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82>, пристапено на 12 август 2025 година
Зориќ, Б., „Проширување на ЕУ и интеграција: гласови на поддршка и скептицизам“, Бриф 15 (Лукесмбург: Институтот за безбедносни студии на Европската Унија, 2025), <https://www.iss.europa.eu/publications/briefs/eu-enlargement-and-integration-voices-support-and-scepticism>, пристапено на 5 август 2025 година
Деспина Ковачевска е дефектолог и рехабилитатор со долгогодишно искуство во едуцирање деца со посебни потреби, како и тренер за вклучување ученици со попреченост во програмата Еразмус. Својата кариера ја започнала како грантист на ЛГБТ Центарот и Хелсиншкиот комитет и има работено на развивање на капацитетите на маргинализираните заедници. Подоцна станува дел од проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) каде што стекнала знаења за следење на програмата на Владата.
Матеј Тројачанец има дипломирано на Филозофскиот факултет, Институт за психологија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 2020 година, а потоа магистрирал на Универзитетот „Сент Ендрју“ во Шкотска на програмата за компаративна психологија преку стипендијата Чивенинг. Во претходните работни ангажмани работел како новинар и теренски истражувач, а во рамките на Фондацијата „Метаморфозис“ е ангажиран како истражувач и новинар во службата за проверка на факти „Вистиномер“.
Горан Ризаов ја раководи Програмата за информациски и медиумски интегритет во Фондацијата „Метаморфозис“. Истовремено е и уредник на новинската агенција „Мета“. Има повеќе од 20 години искуство во новинарството. Држи обуки за новинарство со податоци, позитивни наративи и борба против дезинформации. Дипломирал новинарство на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопјe. Добитник е на наградата за истражувачко новинарство „Никола Младенов“ за 2015 година во Северна Македонија. Бил стипендист за професионален развој во академската 2011/2012 година каде што студирал новинарство со податоци и онлајн медиуми на Факултетот за новинарство и масовни комуникации „Волтер Кронкајт“ во Феникс, САД.
- Договорот од Пржино од 2015 година, постигнат со посредство на ЕУ, беше постигнат по политичката криза предизвикана од скандалот со прислушување; тој бараше вклучување на опозицијата во владата, оставка на премиерот Никола Николаев, назначување на специјален обвинител и одржување предвремени избори за враќање на стабилноста и одговорноста. (види: Марушиќ, 2019).
Кратенки
| DSA | Акт за дигитални услуги 2022 на Европската Унија |
|---|---|
| LGBTQI+ | Лезбејка, геј, бисексуалец, трансродов, квир и интерсексуалец |
| VIBE | Vibrant Information Barometer |
| БИРН | Балканска мрежа за истражувачко новинарство |
| ГО | Граѓански организации |
| ДИК | Државна изборна комисија |
| ДКСК | Државна комисија за спречување на корупција |
| ДУИ | Демократска унија за интеграција |
| МРТ | Македонска радио-телевизија |
| ОБСЕ | Организација за безбедност и соработка во Европа |
| ОДИХР | Канцеларија за демокраски институции и човекови права |
| СДСМ | Социјалдемократски сојуз на Македонија |
| ФИМИ | Манипулации со информации и мешање од странство |
© 2025 The Metamorphosis Foundation for Internet and Society and the International Institute for Democracy and Electoral Assistance
This report has been made possible through the support of Global Affairs Canada.
International IDEA publications are independent of specific national or political interests. Views expressed in this publication do not necessarily represent the views of International IDEA, its Board or its Council members.
With the exception of any third-party images and photos, the electronic version of this publication is available under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 (CC BY-NC-SA 4.0) licence. You are free to copy, distribute and transmit the publication as well as to remix and adapt it, provided it is only for non-commercial purposes, that you appropriately attribute the publication, and that you distribute it under an identical licence. For more information visit the Creative Commons website: <http://creativecommons.org/licenses/by-nc-sa/4.0>.
Design and layout: International IDEA
DOI: <https://doi.org/10.31752/idea.2025.86>
ISBN: 978-91-8137-053-9 (HTML)
ISBN: 978-91-8137-052-2 (PDF)
ISBN: 978-91-8137-051-5 (Print)